Словенечкиот кошаркар Горан Драгиќ дефинитивно се збогува од професионалната кошарка,
Најголемите имиња во светската кошарка дојдоа да му дадат поддршка на Драгиќ и да ја направат „Ноќта на змејот“ уште поспектакуларна, а Драгиќ во разговор за српските медиуми се осврна на Европското првенство во 2017 година и на неверојатниот Лука Дончиќ.
На кошарката и доаѓа крајот, но на пријателствата никогаш, барем така тврди Словенецот со српско потекло.
„Во текот на мојата кариера запознав многу луѓе и сите овие играчи ми се пријатели. Како што се однесував со нив, така и тие се однесуваа кон мене. Имам пријатели како Стив Неш од Канада, Луис Скола од Аргентина, Богдановиќ и Јокиќ од Србија “, изјави словенечкиот репрезентативец.