Во израелските напади во Појасот Газа во текот на ноќта убиени се најмалку 27 Палестинци, соопштија денеска локалните здравствени служби под контрола на Хамас.
ИДФ не соопшти ништо во врска со нападите.
Израелските власти претходно соопштија дека ИДФ настојува да ги минимизира цивилните жртви, нагласувајќи дека Хамас ги користи цивилите во Газа како жив штит, но палестинските цивили тврдат дека никаде во Газа не е безбедно.
Ал Џезира пренесува дека во Џабалија загинале 10 членови на едно семејство во израелски воздушен напад на станбено подрачје и уште осум членови на друго семејство чија куќа исто така била цел на израелската воена авијација. Во Кан Јунис се извлечени четири тела под урнатините на една бомбардирана куќа, едно девојче и едно бебе подлегнале на повредите од израелска бомба која паднала врз шаторска населба. (МИА)