Свет сад

ВИДЕО: Снег по 15 години – Зимска идила во Њу Орлеанс, рекордни врнежи и многу насмевки

Ваквите временски услови ги расположија граѓаните, па кај повеќето од нив, се активираа детските чувства и радоста за снегот. Парковитe и улиците беа полни со луѓе кои уживаа во снежните врнежи и снежните лудории.

ВИДЕО: Снег по 15 години – Зимска идила во Њу Орлеанс, рекордни врнежи и многу насмевки

Снежна бура го зафати подрачјето на Мексиканскиот залив и собори повеќе од стотина години стари рекорди за количината на врнежи од снег во местата каде снегулките се вистинска реткост. На северот и истокот од земјата, пак, владее поларен студ.

Предупредување за снежна бура е на сила за 31 милиони луѓе, од јужниот Тексас до Вирџинија, објави Националната метеоролошка служба.

Училиштата во Хјустон, се затворени бидејќи се очекуваат околу 10 сантиметри снег.

-Целиот мој живот сум во Тексас и никогаш не сум видел толку снег, вели Исхан Баидани (29), сопственик на консултантска компанија во Хјустон.

-Обично станува студено, но вака убав снег, ова е првпат, додава тој.

Снег немало 15 години

Снежни врнежи имаше и во Њу Орлеанс, каде висината на снежната покривка изнесувала 25 сантиметри, според мерењата на Националната метеоролошка служба.

-Останете дома и тргнете се од улиците, објави градоначалничката на Њу Орлеанс во видео порака до граѓаните.

Според NWS, срушен е рекорд стар 144 години со повеќе од 30 сантиметри снег.

To top