Свет чудо

ВИДЕО: Прва снимка од преживеаниот во авионската несреќа во Индија, познато на кое седиште седел

Индиските медиуми објавија дека разговарале со него во болницата, тој им ја покажал картата за качување со своето име и локација на седиштето. Според индиските медиуми, тој рекол дека триесет секунди по полетувањето слушнал гласен шум, а потоа авионот се урнал.

ВИДЕО: Прва снимка од преживеаниот во авионската несреќа во Индија, познато на кое седиште седел

Едно лице го преживеа падот на авионот што се урна кратко по полетувањето за Лондон од индискиот аеродром Ахмедабад, изјави комесарот на градската полиција.

Тој за новинската агенција АНИ изјави дека преживеаниот патник од седиштето 11А е однесен во болница и е на лекување, објави Би-Би-Си.

Според списокот на патници што претходно го објавија властите, Вишваш Кумар Рамеш, британски државјанин, бил на седиштето 11А.

Индиските медиуми објавија дека разговарале со него во болницата, тој им ја покажал картата за качување со своето име и локација на седиштето. Според индиските медиуми, тој рекол дека триесет секунди по полетувањето слушнал гласен шум, а потоа авионот се урнал.

„Сè се случило толку брзо“, рекол тој според индиските медиуми, објави Би-Би-Си.

Индиски патнички авион што летал кон аеродромот Гетвик во Лондон со 242 лица се урна кратко по полетувањето од Ахмедабад во западна Индија.

To top