Судир на два хеликоптери близу аеродромот во Финска резултираше со смрт на пет лица, меѓу кој и двајца естонски тајкуни, Олег Снајалг (58), пионир во енергетиката, и Прита Јаганта (52), врвен естонски менаџер.
Хеликоптерите, двата со четири седишта, биле упатени од Тулин кон приватен авијациски собир во Финска. Естонскииот бизнисмен Вајно Калдоја, основач на компанијата Силберауто, ги потврди идентитетите на двајцата тајкуни за локалните медиуми.
– Прит Јаганта и Олег Снајагл биле во сопствените хеликоптери кои се удриле еден во друг, рече Калдоја.
Според тамошните власти во хеликоптерите имало пет лица, три во едниот и две во другиот. Естонскиот јавен сервис по информации на естонското МНР јавува дека никој од петте лица го нема преживеано падот.
🚨 🚨 #BreakingNews Who are Oleg Sõnajalg and Priit Jaagant, business tycoons died in helicopter crash? https://t.co/Fg6uBCWeFb
Who are Oleg Snajalg and Priit Jaagant business tycoons died in helicopter crash#TrendingNews #BigBreaking
— Instant News ™ (@InstaBharat) May 17, 2025
Олег Снајалг, заедно со својот брат Андреас, одигра клучна улога во користењето на обновливи извори на енергија од страна на Естонија. Нивната компанија , Елеон, стои позади развојот на ветерниот парк Аиду, што означи голем чекор за националниот енергетски сектор на обновлива енергија. Тој многу често беше на естонските медиуми, не само говорејќи за своите бизнис успеси, туку и отворено збореше и за приватниот живот. Хоби му беше пилотирањето.
За време на несреќата управувал со хеликоптерот Робинсон Р44 регистриран со ознаки ЕС-ЕТР.
Прит Јагант бил на чело на најголемата градежна компанија во Естонија Мапри Ехитус. Неговата компанија меѓу првите ја потврди веста. Од компанијата исто така изјавија дека со Прит била и неговата сопруга Лилит Јагант. Хеликоптерот на Јагант исто бил од марката Робинсон со австриски ознаки ОЕ-ХОС.
Јагант официјално немал искуство во летање, а се верува дека тој управувал со хеликоптерот.
Организаторите од аеродромот Пикајрви излегоа со соопштение во кое велат дека двата хеликоптери биле дел од флота со околу 20 летала и 50 учесници. Тие летале од Естонија за фестивалот.
Екипа на брзата помош заедно со финските безбедносни сили веднаш стигнале на местото на несреќата. Тие го обезбедиле местото, но двата хеликоптери веќе биле запалени. Националното истражно биро веќе започна со истрагата за причината за падот на двата хеликоптери.