Осумнаесет лица се префрлени во локалните болници по авионската несреќа на аеродромот во Торонто, изјави на брифинг шефот на противпожарната служба на аеродромот Тод Аиткен.
-Пистата беше сува и немаше страничен ветер, рече тој, додавајќи дека Одборот за безбедност на транспортот се уште ги истражува причините за инцидентот.
🔴 BREAKING NEWS: PLANE CRASH!
A Delta Airlines plane has crashed at an airport in Toronto, Canada.
The CRJ-900 was operating as Delta Flight 4819 from Minneapolis-Saint Paul International Airport (MSP) to Toronto
pic.twitter.com/gdRWh3YNau— Whiplash531 (@531Whiplash) February 18, 2025
Во авионот имало 22 Канаѓани, а останатите се странци, изјави за новинарите Дебора Флинт, главен извршен директор на управата за аеродроми во округот Торонто. Според нејзините информации, повредените брзо се пренесени во болници и никој од нив не е во критична состојба. Претходно беше соопштено дека три лица се тешко повредени. Две од пистите на аеродромот остануваат затворени и се очекуваат одложувања во наредните денови.
Inside View Of Pearson Plane Crash In Toronto #Canada #Toronto pic.twitter.com/iyp46EZPrp
— Muhammed Faris (@acmfaris) February 18, 2025
Авион на „Делта ерлајнс“ се преврте синоќа при слетувањето на меѓународниот аеродром Пирсон во Торонто, соопштија официјални лица. Авионот пристигнал од Минеаполис, и во него имало околу 80 патници.