Свет масовен напад со 102 дрона

Украински напад со дронови на Москва: Затворени ПЕТ аеродроми

Пет руски аеродроми привремено ги прекинаа операциите поради нападите, соопшти агенцијата.

Украински напад со дронови на Москва: Затворени ПЕТ аеродроми

Руските системи за воздушна одбрана пресретнаа и уништија 102 украински беспилотни летала над Русија, соопшти руското Министерство за одбрана.

Како што е наведено, 46 беспилотни летала се соборени над територијата на Брјанската област, 20 над територијата на Белгородската област, девет беспилотни летала над територијата на Воронежската област, четири беспилотни летала над Калушката област и Република Татарстан, три беспилотни летала над Московскиот регион, два беспилотни летала над Ленинградската, Орјолската и Курската област и еден беспилотен авион над Смоленската област, објави Интерфакс.

Пет руски аеродроми привремено ги прекинаа операциите поради нападите, соопшти агенцијата.

Аеродромите Ижевск и Киров ги прекинаа летовите, објави Росавијација.

Ограничувањата се на сила на следниве аеродроми: Пулково во Санкт Петербург, Нижнекамск и Казањ.

To top