Свет

Трамп посакува што поскоро да се сретне со Путин

Трамп вчера изјави дека значителен напредок во преговорите е малку веројатен сè додека тој и Путин не се сретнат лице в лице.

Трамп посакува што поскоро да се сретне со Путин

Додека во Истанбул се одржуваат средби за ставање крај на војната во Украина се огласи и американскиот претседател Доналд Трамп.

– Време е едноставно да го направиме тоа. Ќе го завршиме. Нема да има значителен напредок во преговорите се’ додека не се сретнеме со Путин лице в лице, истакна Трамп.

Тој сака да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин што е можно поскоро.

Во палатата Долмабахче во Истанбул почна трилатерален состанок помеѓу делегациите на САД, Украина и Турција.

Пратеникот на Доналд Трамп во Украина, генерал Кит Келог, седи до американскиот државен секретар Марко Рубио.

На средбата учествуваат американскиот државен секретар Марко Рубио и пратеникот на Трамп за Украина, генерал Кит Келог, украинската делегација е предводена од министерот за надворешни работи Андриј Сибиха и шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак.

Домаќин на состанокот е шефот на турската дипломатија Хакан Фидан.

To top