Свет

Сибиха: Доколку Русија навистина сака мир, борбите треба веднаш да прекинат

Тој додаде дека Украина е подготвена да поддржи траен, стабилен и целосен прекин на огнот: „Тоа е она што ние постојано го предлагаме“.

Сибиха: Доколку Русија навистина сака мир, борбите треба веднаш да прекинат

Шефот на украинската дипломатија, Андриј Сибиха, денеска,во првичната украинска реакција на објавата на рускиот претседател Владимир Путин за тридневен прекин на борбите од 8 до 10 мај, на платформата X изјави дека „доколку Русија навистина сака мир, борбите треба веднаш да прекинат“.

„Зошто да се чека до 8 мај? Ако огнот може да престане сега и да трае без прекин најмалку 30 дена, тоа би покажало дека примирјето е вистинско, а не само заради парада“, напиша Сибиха.

Тој додаде дека Украина е подготвена да поддржи траен, стабилен и целосен прекин на огнот: „Тоа е она што ние постојано го предлагаме“.

Претходно денеска официјален Кремљ објави дека планира да ги прекине борбите во Украина од полноќ меѓу 7 и 8 мај до 11 мај, по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна.

Кремљ објави дека очекува Украина да го прифати примирјето, но предупреди дека, во случај на негово кршење, руските сили „ќе одговорат соодветно и ефикасно“. Истовремено, Русија уште еднаш ја изрази својата подготвеност за мировни преговори без предуслови и посредници. (МИА)

To top