Свет

Руте бара зголемување на воздухопловната одбрана на НАТО за 400 отсто

Руте бара зголемување на воздухопловната одбрана на НАТО за 400 отсто

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте пред денешната конференција во Лондон изјави дека ќе бара зголемување на воздухопловната и антиракетна одбрана на Алијансата за 400 проценти со цел да се соочи со Русија која „сее терор“ на небото.

– Треба да направиме скок напред во нашата колективна одбрана … факт е дека опасноста не исчезнува дури ни со крајот на војната во Украина. Гледаме како Русија во Украина сее терор на небото и поради тоа ние ќе го зајакнеме штитот кој го штити нашиот воздушен простор, ќе истакне Руте на состанокот и Институтот Чатам хаус во Лондон.

Предвидена е и средбата на Руте со британскиот премиер Кир Стармер во Даунинг стрит.

To top