Околу 8.000 луѓе во Израел останаа без струја по иранските ракетни напади рано наутро, изјави израелскиот министер за енергетика Ели Коен.
Коен рече дека властите се подготвуваат за можноста од оштетување на електричната мрежа и дека се очекува струјата да биде обновена во следните неколку часа, објави Би-Би-Си.
Израелската електрична корпорација претходно пријави штета во близина на стратешки инфраструктурен објект во јужен Израел, што доведе до прекини на електричната енергија во неколку населби.
Противпожарни екипи беа испратени на местото на иранскиот напад во јужен Израел, соопшти Службата за противпожарна и спасувачка служба, според „Тајмс оф Израел“.
Сирени се огласија низ Израел во неколку наврати поради ракети лансирани од Иран утрово.