Свет Израел

Нетанјаху му честиташе на Трамп: „Најдобрите денови допрва доаѓаат“

– Уверен сум дека ќе го завршиме поразот на иранската терористичка оска и ќе воведеме нова ера на мир и просперитет за нашиот регион, рече Нетанјаху.

Нетанјаху му честиташе на Трамп: „Најдобрите денови допрва доаѓаат“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му честиташе на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата втора инаугурација, велејќи во видео изјава дека „најдобрите денови на нашиот сојуз допрва доаѓаат“.

– Вашиот прв мандат како претседател беше исполнет со револуционерни моменти, рече Нетанјаху, наведувајќи некои од клучните чекори што Трамп ги презеде за време на неговото прво претседателствување, вклучително и потпишувањето на Абрахамскиот договор со кој се нормализираа дипломатските односи меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати и Бахреин.

– Се повлековте од опасниот ирански нуклеарен договор, го признавте Ерусалим како главен град на Израел, ја преместивте американската амбасада во Ерусалим и го признавте суверенитетот на Израел над Голанската Висорамнина, рече тој.

– Уверен сум дека ќе го завршиме поразот на иранската терористичка оска и ќе воведеме нова ера на мир и просперитет за нашиот регион, рече Нетанјаху.

Нетанјаху, исто така, му се заблагодари на Трамп за неговата помош во посредувањето за договорот со Хамас за прекин на огнот и за заложниците. (МИА)

To top