Свет изјава

Мерц во Тирана: Европа е решена да продолжи да ѝ дава силна поддршка на Украина

Европскиот континент се соочува со предизвик каков што не постоел со децении – војната во Украина, и Европа е решена да продолжи да ѝ дава на Украина силна поддршка – воена, економска, финансиска и секаков друг вид помош.

Европскиот континент се соочува со предизвик каков што не постоел со децении – војната во Украина, и Европа е решена да продолжи да ѝ дава на Украина силна поддршка – воена, економска, финансиска и секаков друг вид помош, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц на првата пленарна седница на самитот на Европската политичка заедница во Тирана.

Со врска со односите со САД, Мерц рече дека треба да се вложат напори за да се задржат Американците на европска страна, бидејќи земјите од Европа не можат да го надоместат она што тие го прават за мирот и стабилноста на тој континент.

Тој исто така укажа на проблемот со миграциите со кој се соочува Европа и рече дека по тоа прашање треба да се направи повеќе и тоа „силно и ефикасно“.

Мерц во врска со одбраната рече дека воените набавки се неопходни, но оти тој бара да не се зборува за пари, туку за ефикасност и одржливост на економијата.

Тој наведе дека Германија, кога станува збор за набавките, направила чекор во добра насока и укажа на значењето на подобра соработка на тој план на континентот.

Германскиот канцелар додаде дека треба да се решаваат проблемите со миграцијата и конкурентноста, но предупреди дека мора да се внимава бидејќи европските демократии се во опасност.

To top