Свет Европска комисија

ЕУ сака да види доказ дека Русија ја запира агресијата во Украина

-Русија би можела да ја запре оваа војна во секој момент доколку навистина сака… Ние продолжуваме да ја поддржуваме Украина за долг, праведен и сеопфатен мир, кажа Хипер.

ЕУ сака да види доказ дека Русија ја запира агресијата во Украина

Европската комисија реагираше денеска претпазливо на 30-часовниот прекин на огнот што го објави рускиот претседател Владимир Путин, со забелешка дека сака да види докази оти Русија ја запира агресијата во Украина.

-Русија се покажа како агресор, затоа прво треба да видиме вистински прекин на агресијата и јасни акции за траен прекин на огнот, рече Анита Хипер, главната портпаролка на ЕК за надворешни работи и безбедност, пренесува БТА.

Хипер додаде дека помина повеќе од еден месец откако Украина се согласи на безусловен прекин на огнот.

-Русија би можела да ја запре оваа војна во секој момент доколку навистина сака… Ние продолжуваме да ја поддржуваме Украина за долг, праведен и сеопфатен мир, кажа Хипер. (МИА)

To top