Пратениците во Европски парламент денеска го поддржаа предлогот за зголемување на царините за ѓубрива и одредени руски и белоруски земјоделски производи со цел да се намали зависноста на ЕУ од овој увоз.
Предлогот за зголемување на царините за 50 отсто за земјоделските производи од Русија и од Белорусија е доставен од Европска комисија.
Новите царини ќе влијаат и на шеќерот, оцетот, брашното и храната за животни, објави Парламентот.
Предвидени се царини од 6,5 проценти за ѓубрива увезени од Русија од Белорусија, плус царински давачки помеѓу 40 и 45 евра по тон во 2025 и 2026 година, така што до 2028 година тие ќе изнесуваат 430 евра по тон.
Регулативата сега мора формално да биде усвоена од Советот, а потоа мора да биде објавена во службен весник пред да стапи во сила.