Скопје Гордост

Стојкоски оствари средба со шампионките на ЖРК Ѓорче Петров

ЖРК Ѓорче Петров е еден од најуспешните женски спортски колективи во земјава и континуирано ги претставува боите на општината со огромен успех.

Стојкоски оствари средба со шампионките на ЖРК Ѓорче Петров

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска оствари средба со ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров, кои вторпат по ред ја освоија двојната круна – титулата во Првенството и трофејот во Купот на Македонија во женска конкуренција.

Стојкоски им честиташе на ракометарките и на стручниот штаб за извонредната сезона и за континуираниот успех што го постигнуваат на национално ниво.

-Ѓорче Петров е гордо на вас. Со вашата посветеност, тимски дух и резултати, вие сте вистински амбасадори на нашата општина. Како локална самоуправа ќе продолжиме активно да го поддржуваме спортот, затоа што веруваме дека преку спортот се гради здрава и успешна заедница – изјави градоначалникот Стојкоски.

ЖРК Ѓорче Петров е еден од најуспешните женски спортски колективи во земјава и континуирано ги претставува боите на општината со огромен успех.

Општина Ѓорче Петров им посакува уште многу титули и нови спортски победи.

 

Најнови вести од Скопје

To top