ООУ МИРЧЕ АЦЕВ ДОБИВА НОВ ФУДБАЛСКИ ТЕРЕН СО ВЕШТАЧКА ТРЕВА
Втор терен за нашите најмили во една седмица!,
На вкупна површина од 800 метри квадратни се поставува нов терен со вештачка трева. Подлогата ги исполнува највисоките критериуми согласно UEFA и ќе биде одлично место за рекреација.
Најмладите остануваат врвен приоритет и фокус во работата на Општина Ѓорче Петров.
Како никогаш досега ја градиме инфраструктурата за спорт, обезбедуваме услови за спорт и рекреација на сите генерации!
Историски најголем инвестициски циклус на општината во објекти за спорт. Досега ги изградивме
✅️ Детски фудбалски терен на ул. Македонска Војска
✅️ Нов терен со вештачка трева во ООУ Димитар Поп Ѓоргиев Беровски
✅️ Нов мултифункционален терен во ООУ Димитар Поп Ѓоргиев Беровски
✅️ Тартан подлога на спортски центар ГеГе
✅️ Тартан подлога на спортски центар Бранители
✅️ Терен со вештачка трева во ООУ СТРАШО Пинџур
✅️ Градиме спортска сала во Хром, пишува Стојкоски во својата објава.