Скопје Општина Илинден

Промовиран новиот Локалниот Еколошки Акциски План

Советот на Општина Илинден официјално го усвои Локалниот Еколошки Акциски План (ЛЕАП) за периодот од 2025 до 2030 година – стратешки документ кој претставува основа за унапредување и заштита на животната средина на локално ниво.

ЛЕАП е сеопфатен стратешки план кој ги дефинира приоритетите и мерките за заштита и унапредување на состојбата со животната средина преку краткорочни, среднорочни и долгорочни активности со јасно утврдена временска и финансиска рамка.

Документот е структуриран по тематски области кои го опфаќаат квалитетот на воздухот, управувањето со води, урбаниот развој и користењето на земјиште, управувањето со отпад, бучава, биолошката разновидност и урбаното зеленило. Исто така, посебно внимание се посветува на подигнувањето на јавната свест, еколошкото управување и вклучувањето на јавноста во процесите на донесување одлуки.

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека од особена важност е што ЛЕАП содржи прецизно дефинирани проекти и активности, чија имплементација ќе придонесе за подобрување на животната средина и квалитетот на живот на сите жители на општина Илинден. Како и дека овој документ ќе послужи како основа за подготовка на апликации за обезбедување финансиска поддршка од различни институции и фондови, со цел имплементација и реализација на предвидените еколошки проекти.

To top