Отворен базенот во ООУ„Невена Георгиева Дуња“ во Кисела Вода, еден од петте кои ќе се отворат до крај на летово

Во присуство на Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска свечено беше пуштен во употреба новиот затворен базен во состав на основното училиште „Невена Георгиева Дуња“. Овој проект беше започнат уште во 2019 година, од страна на поранешното раководство на Агенцијата за млади и спорт, но со години стоеше со минимална, речиси никаква реализација.