Скопје безбедносни причини

Општина Кисела Вода: Патот кон Теферич, ул. „Мариовска” е затворен за сообраќај

Ги замолуваме граѓаните за трпение и за користење на алтернативни патишта се до изнаоѓање на решение за надминување на оваа ситуација, додаваат од Општината.

Општина Кисела Вода: Патот кон Теферич, ул. „Мариовска” е затворен за сообраќај

Улицата „Мариовска“ на патниот правец кон Теферич е затворена за сообраќај поради безбедносни причини, информираа денеска од Општина Кисела Вода.

Како што стои во соопштението, на дел од конструкцијата на патот се појавени распукнатини, поради што од безбедносни причини тој е затворен за сообраќај, се до отстранување на проблемот.

– Поради новонастанатата ситуација на патот кон Теферич ул. „Мариовска”, каде истиот тоне и на дел од конструкцијата на патот се појавени распукнатини, тој е затворен за сообраќај, од безбедносни причини до отстранување на проблемот. Ги замолуваме граѓаните за трпение и за користење на алтернативни патишта се до изнаоѓање на решение за надминување на оваа ситуација, се наведува во соопштението.

Најнови вести од Скопје

To top