Денес направивме увид во градежните активности кои се во завршна фаза за изградба на современа сензорна соба, простор кој ќе овозможи подобри услови за работа и поддршка на дечињата со попреченост, објави Александар Стојкоски, градоначалник на општина Ѓорче Петров.
Покрај оваа значајна инвестиција, во истото училиште во брзо време ќе се реализира целосна промена на старите подови во училниците, со површина од 165 м², како и поставување на нови врати. Овие активности се дел од нашата заложба за унапредување на условите за образование и благосостојба на учениците, потенцира во објавата Стојкоски.