Градоначалникот на општина Карпош Сотир Лукровски објави со како тек се одвиваат градежните активности во општината.
Според планираната работна динамика, завршивме со реконструктивниот зафат на дел од улицата Бранислав Нушиќ во населбата Карпош 2. Станува збор за инвестиција вредна 9.889.366 денари, каде беше поставен нов асфалт во должина од 366 метри, нови рабници и тротоари, истакна Лукровски.
Лукровски потенцира дека со подобрување на временските услови, во наредниот период ќе продолжи со реализација на капиталните и инфраструктурните проекти.
Според планираната работна динамика, завршивме со реконструктивниот зафат на дел од улицата Бранислав Нушиќ во…
Posted by Sotir Lukrovski / Сотир Лукровски on Thursday, March 12, 2026