Скопје јсп

ЈСП: Жичницата не работи поради силен ветер… Граѓаните: НA ВОДНО НЕМА ВЕТЕР!!! (ВИДЕО)

Ова е целиот Фејсбук статус на ЈСП кои пред повеќе од еден час го објавија, но реалноста е поинаква

ЈСП: Жичницата не работи поради силен ветер… Граѓаните: НA ВОДНО НЕМА ВЕТЕР!!! (ВИДЕО)

ЖИЧНИЦАТА НЕ РАБОТИ ПОРАДИ СИЛЕН ВЕТЕР🌪
🌪Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно.
👉Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, Жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците.

Ова е целиот Фејсбук статус на ЈСП кои пред повеќе од еден час го објавија, но реалноста е поинаква

Фоторепортерот на на Курир која во тој момент се најде на падините на Водно, направи видео во кое јасно се гледа дека ветер на Водно нема, а тоа може да се види по државното знаме кое мирува, логиката вели дека доколку би имало ветер тоа би се вееле, а нормално и не би имало толку магла.

Симнуваќи се надолу, нашиот фоторепортер можел да слушне и луѓе како коментираат дека градската власт е толку неспособна што една жичара не можат да одржуваат како што треба. Други пак велеле дека веќе нема да се качат на неа, бидејќи се плашат истата да не падне…

To top