Скопје

Доделени 250 стипендии за најуспешните спортисти од Општина Бутел

Доделувањето на финансиски средства го поттикнува напредокот во спортот и ги мотивира спортистите да постигнуваат врвни резултати.

Доделени 250 стипендии за најуспешните спортисти од Општина Бутел

Градоначалникот Дарко Костовски денеска додели 250 стипендии на најуспешните спортисти од општина Бутел. По повод 20 години од формирањето на општина Бутел беа доделени рекорден број на стипендии , во транспарентна постапка, со објавен Јавен повик.

Стипендиите се поделени во 6 категории: 1 категорија – во времетраење од 1 година, во износ од 12.000 ден. месечно; 2 категорија – во времетраење од 1 година, во износ од 8.000 ден. месечно; 3 категорија – во времетраење од 1 година, во износ од 5.000 ден. месечно; 4 категорија – еднократно, во износ од 24.000 ден.; 5 категорија – еднократно, во износ од 10.000 ден.; 6 категорија – еднократно, во износ од 6.000 ден.

Локалната самоуправа инвестира во спортот како никогаш досега и се грижи за развојот на сите спортови. Општина Бутел е единствената општина што на ваков начин ги поддржува спортистите и доделува 250 спортски стипендии.

Доделувањето на финансиски средства го поттикнува напредокот во спортот и ги мотивира спортистите да постигнуваат врвни резултати.

Градоначалникот Дарко Костовски упати честитки на сите спортисти и изрази надеж дека некои добитници на стипендиите ќе ги повторат успесите на Дејан Георгиевски, Елиф Елмас и Шабан Трстена..

Најнови вести од Скопје

To top