По повод 153 години од раѓањето на Гоце Делчев, делегација од Општина Ѓорче Петров, предводена од градоначалникот Александар Стојкоски денеска положи свежо цвеќе на гробот на великанот во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
Со овој чин, општинската делегација изрази почит кон еден од најзначајните македонски револуционери, чие дело е втемелено во македонската историја и борба за слобода.
„Македонија е сè што имаме и затоа треба да ја сакаме и да ја чуваме.“ – зборови на Гоце Делчев што остануваат силен завет за идните генерации.
Општина Ѓорче Петров останува посветена на негувањето на историското наследство и зачувувањето на споменот за личностите кои ја вградија својата жртва во темелите на државноста.