Скопје ЈП Водовод и канализација

Дел од Центар утре без вода

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности. 

Дел од Центар утре без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје,  по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известува дека на ден 22.01.2025 година (среда) без вода ќе останат дел од корисниците во Центар.

Поради дефект на П.П. Хидрант  од ф -80“ на ул.  Максим Горски бб ( кај Мепсо), со прекинато водоснабдување ќе бидат   корисниците на потегот од  плоштадот  до Македонска  пошта и дел од Орце Николов.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

To top