Скопје ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје

Без вода дел од Припор и Ракотинци

Водоснабдувањето на двете локации ќе биде прекинато до санирање на дефектите.

Без вода дел од Припор и Ракотинци

Без вода денеска од 9:15 часот се дел од жителите од прва зона во населба Припор, општина Кисела Вода.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект ф-80 милиметри на улица „Христо Татарчев“, спроти подрачното Основно училиште „Круме Кепески“ во Припор.

Без вода денеска од 9:30 часот се жителите од село Ракотинци, општина Сопиште. Прекинот е поради дефект ф-80 милиметри на улица „1“ без број во Ракотинци.

Водоснабдувањето на двете локации ќе биде прекинато до санирање на дефектите.

To top