Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска од 08:15 до 12:00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од село Крушопек и Рекреативниот центар Сарај, соопшти ЦУК.
Од 09:00 до 12:00 часот, струја ќе немаат и корисниците во околината на ул. Женевска бр. 15 во општина Карпош, а од 09:00 до 15.00 часот, корисниците во околината на Авто сервис – Милошевски во с. Глуво, општина Чучер Сандево.