Антикорупциската комисија постави нов рекорд во постапување по нечие укажување за судир на интереси. Доколку во досегашната пракса им требаа недели и месеци да постапат по предмети кои им ги доставуваше ВМРО-ДПМНЕ (независно дали биле во опозиција или на власт), ДКСК сега реагираше експресно во случајот на државниот секретар Клинчарова за предметот кој им го достави СДСМ. Северниот сосед вели „Оком-скоком“. Македонскиот народ пак вели „брза кучка, слепи кучиња раѓа“…
Повеќе од симптоматично, но на антикорупционерите им беше потребен само еден единствен ден за да утврдат дека има основ да отворат предмет и да го истражат можниот судир на интереси во случајот во Министерството за дигитална трансформација. Ова е официјален рекорд во отворање предмет. Уште посомнително, истовремено додека ДКСК ова го обзнануваше на јавноста, СДСМ речиси симултано го поздрави истото, во разлика од некоклу минути и во скоро идентично време со антикорупционерите. Ѓоамити координирано, коментираат граѓаните по социјалните мрежи.
Ве тера да се запрашате – Дали ДКСК не заминале дома и седничеле до доцна во ноќта и вон работното време за да ги утврдат фактите или им било полесно и побрзо заради адресата од која е упатено неводното обвинување за судир на интереси?
Во соопштението на СДСМ преполно со пофалби, поздрави и честитки се вели:
