Република Куманово

Зголемен број интервенции на кумановската итна помош

Итна помош Куманово покрива територија од општини од североистокот.

Зголемен број интервенции на кумановската итна помош

Зголемен број интервенции регистрира кумановската итна помош по празниците, информираа денеска надлежните. Зголемен е бројот не само на интервенции, туку и на пациенти во амбулантата. Најголем број од пациентите се жалат на зголемената температура, главоболки, повраќање.

-Со пад на температурите и на новогодишните и божиќните празници се евидентира значителен зголемен број на интервенции во итната медицинска помош. Во тек на едно деноноќие имаме од 35 до 40 повици. И во амбулантата бележиме зголемен број на пациенти, од 150 до 200 пациенти, најчесто за викендите и за празниците исто така беше зголемен бројот на прегледи при што за амбулантските прегледи може да кажам дека најчесто беа прегледи на деца од предучилишна возраст, имаше и возрасни, но доминираа децата, изјави д-р Валентина Тодоровска од Итна помош Куманово.

Лекарите од итна помош интервенираат и кај хронично заболените лица со белодробни болести, кардиоваскуларни, кои се жалат на зголемен притисок.

-Препораки за сезонски грип – најчесто превенција е вакцинација, на ризични категории е најдобро да се вакцинираат во период од октомври до декември за да се намалат компликациите. Сите да користат витамини, здрава храна, да не излегуваат во периоди кога воздухот е загаден, да не се групираат многу. Да не се групираат оние што се ризична категорија, вирусот се шири, кај нив секоја инфекција е ризична, апелираше Тодоровска.

Итна помош Куманово покрива територија од општини од североистокот.

To top