Република Дарјан Галевски блеска на фудбалската сцена!

Стојкоски на средба со фудбалски бисер од Ѓорче Петров

Горди сме на тебе и со нетрпение го следиме твојот пат кон врвот, потенцира Стојкоски.

Стојкоски на средба со фудбалски бисер од Ѓорче Петров

Младиот фудбалски бисер од Ѓорче Петров, Дарјан Галевски блеска со својот талент и не престанува да не прави горди, објави градоначалникот на општина Ѓорче Петров.

-Со задоволство поразговарав со Дарјан за неговите идни планови и амбиции. Подготвен е да го освои фудбалскиот свет. Тој е вистински пример за спортски млад херој од нашата општина, додаде Стојкоски.

На само 9 години, Дарјан веќе зад себе има преку 20 одиграни турнири, а неговата игра го воодушеви и великанот Барселона.

-На турнирот во Загреб беше издвоен како најдобар поединец меѓу 200 врсници од страна на тренерите на Ла Масија – легендарната академија на Барса. Неговата визија, техника и пасија за играта се нешто што ретко се гледа, а токму затоа беше поканет и на камп организиран од Барселона.

– Успехот не застанува тука – веќе е дел од Црвена ѕвезда, и го очекува светла иднина на фудбалската сцена. Продолжи да сонуваш, да тренираш и да победуваш, Дарјан. Горди сме на тебе и со нетрпение го следиме твојот пат кон врвот, потенцира Стојкоски.

To top