Република

Прва официјална посета на општина Битола од страна на новоназначената генерална конзулка на Грција

Новоназначената конзулка во Генералниот конзулат на Република Грција во Битола, Деспина Ипиоти, денес оствари прва официјална посета на Општина Битола, каде имаше средба со градоначалникот Тони Коњановски.

На средбата, се разговараше за досегашната соработка на општината со повеќе градови во Грција, како и за можностите за зајакнување на соработката на културен, образовен и економски план. Градоначалникот Коњановски, ја информираше Ипиоти, дека општина Битола, во изминатиот период, реализираше повеќе проекти во рамките на програмата за прекугранична соработка во партнерство со општини и други институции од Грција, а во моментот се чекаат и резултатите од двата нови проекти, аплицирани на последниот повик на ИПА програмата, кои се насочени кон енергетска ефикасност, заштита на животната средина и развој на туризмот преку промоција на незагадувачки индустрии и стари занаети.

Генералната конзулка на Грција, Деспина Ипиоти, потенцираше дека во следниот период ќе се реализираат повеќе работни средби со градоначалниците од Пелагонискиот регион, со цел реализација на заеднички активности со бенефит за граѓаните во општините од двете страни на границата.

Најнови вести од Република

To top