Република пофалби за премиерот

Новинарот Сеад Ризвановиќ со пофалби за посетата на премиерот Мицкоски во Вашингтон

Во објава на социјалните мрежи, Ризвановиќ истакна дека присуството на премиерот на инаугурацијата на новиот претседател на САД и средбите кои ги оствари таму претставуваат значаен придонес за зајакнување на односите со најважниот стратешки партнер на Македонија.

Новинарот Сеад Ризвановиќ со пофалби за посетата на премиерот Мицкоски во Вашингтон
Новинарот Сеад Ризвановиќ, ја оцени посетата на премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон како „полн погодок од секој поглед“.
Во објава на социјалните мрежи, Ризвановиќ истакна дека присуството на премиерот на инаугурацијата на новиот претседател на САД и средбите кои ги оствари таму претставуваат значаен придонес за зајакнување на односите со најважниот стратешки партнер на Македонија.
„Дали е присуството на најважниот геополитички настан на земјината топка во моментот, дали се средбите кои се случија таму, дали е односот кон новата администрација на нашиот најважен стратешки партнер – од секој аспект, ова е исклучително важен потег,“ напиша Ризвановиќ.
Тој исто така го нагласи позитивниот пи-ар ефект од посетата, како на домашен, така и на меѓународен план. „Видете ги само реакциите од Бугарија кои позеленеа од фрустрации,“ додаде тој.
Ризвановиќ подвлече дека контроверзиите околу тоа кој и како го поканил премиерот се небитни во споредба со значењето на настанот и остварените резултати.
To top