Република

Нема ни каде да седнат ама Мерко предизборно вработува 73 лица, Струга со дупло повеќе администрација од Битола

Нема ни каде да седнат ама Мерко предизборно вработува 73 лица, Струга со дупло повеќе администрација од Битола

Седумдесет и три нови лица планира да вработи Рамиз Мерко во 2025 година, додека од постоечките вработени во општинската админстрација, само 8 треба да заминат во пензија. Со тоа бројката на вработени ќе достигне 280.

Се поставува прашање дали во Општина Струга има толкав број на столици и толкав број на маси каде би работеле сите тие вработени. Со новите вработувања мислиме дека ќе се зголеми јавниот долг на Општина Струга, дури и мегаломански, а граѓаните услугите ќе ги добиваат како порано со голема тешкотија, или воопшто не .Поради „огромната работа“ општината не може ниту да го преведе официјалниот материјал на албански јазик, рече Лулзим Насуфи од Алијанса за Албанците.
Насуфи се сомнева дека предвидените вработувања имаат политичка позадина, и се во функција на локалните избори, кои треба да се одржат токму наредната година.

Од ВМРО ДПМНЕ велат декa Општина Струга и без вака предимензионираниот план за вработување, е превработена. Додаваат дека не смее да се дозволи општинската администрација наместо професионалци да ја водат партиски послушници.

Струшката администрација е дупло побројна од општина Битола. Општина Струга брои 280 вработени, а Општина Битола 140 вработени. Ваквите нереални проектирања се затоа што струшкиот градоначалник својата функција ја разбира единствено како начин да вработи што е можно поголем број партиски војници и во очи локалните избори догодина да има што е можно подобра стартна позиција, наместо да се грижи за потребите на сите граѓани кои мака мачат со водоснабдувањето, чистотата, патната инфраструктура, депонијата, велат од ВМРО ДПМНЕ – Струга.
Планот за вработување на Мерко доби зелено светло од страна на мнозинството во советот на ДУИ и СДСМ.

Како што пренесува „Алсат“, помеѓу предвидените вработувања има и позиции, како на пример, соработник за соработка со јавноста и медиумите, соработник за развој и унапредување на угостителството, помлад соработник за спортски и рекреативни активности на лица со посебни потреби,соработник за одржување и подршка на портал,помлад соработник за унапредување на занатечиството и туризмот и што ли уште не. За сите овие места, треба да се одвојат милионски суми за исплата на плати и придонеси на годишно ниво.

To top