Република Струга

Изложба со хуманитарен карактер за настраданите во Кочани во рамки на проектот „Уметноста има став“

Според нив, уметноста покрај тоа што има став, има и срце, преку чин на солидарност и емпатија.

Изложба со хуманитарен карактер за настраданите во Кочани во рамки на проектот „Уметноста има став“

Осумдесет средношколци од цела држава изминатиот викенд во Струга го искажале својот став преку музички перформанси, поезија, политички говор, изложба на илустрации и графити. Илустрациите од изложбата беа продавани, а собраните средства ќе бидат донирани за настраданите во Кочани, соопшти денеска Фондацијата Фридрих Еберт.

Фондација Фридрих Еберт – Скопје

Настанот, како што е наведено, е дел од проектот „Уметноста има став“, што го организира Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија Скопје, во соработка со Центарот за едукација и уметност „Хана“. Според нив, уметноста покрај тоа што има став, има и срце, преку чин на солидарност и емпатија.

– Преку програмата „Уметноста има став“, средношколците не само што добија вештини, тие добија и простор да се изразат, да се слушнат и да остават трага. Гласот на младите има вредност, а преку уметноста ќе покажеме дека можеме да влијаееме и да креираме промена, затоа што имаме генерации кои размислуваат критички, делуваат храбро и создаваат со срце, посочува Фондацијата Фридрих Еберт.

To top