Советот на Општина Кочани треба да биде место на идеи, дебата и решенија – не место на насилство.
Денешниот настан, каде службено лице беше повредено од страна на советник, е срамен и неприфатлив чин кој мора да биде јавно осуден и институционално санкциониран, пишува на Фејсбук Александар Алексов, стопанственик од Кочани.
Нема партија, нема политичка цел, нема расправија што би го оправдала тоа што се случи.
Бараме одговорност и почитување на достоинството на секој човек – независно од функција или припадност.
Кочани заслужува советници кои ќе носат мудрост, а не шишиња.
Кочани не заслужува култура на агресија, пишува во својата објава Алексов.