Во Хрватска, од Омиш до Макарска избија 17 пожари за кои постојат сомнежи дека се подметнати.
Со брзата интервенција на противпожарните служби пожарите се ставени под контрола но утринава избувна нов пожар во Писак, град во Хрватска на јадранскиот брег, а според извештаите, гори шумата над главниот пат, кој е затворен во тој дел.
Увидите на терен се завшрени а полицијата наскоро ќе ги открие своите сознанија дали се работи за подметнати пожари. Полицијата бара помош и од граѓаните ако имаат информации или виделе сомнителни лица да пријават.
Со интервенција од повеќе од 150 пожарникари и 40 противпожарни возила изгасени се 6 пожари на макарската ривиера.
Пожарникарите се на местото на настанот, а ситуацијата брзо се менува поради ветерот и непристапниот терен. Жителите се обидуваат да ги заштитат своите домови, додека туристите, видливо вознемирени, го напуштаат подрачјето.
Засега нема информации за повредени.
На прес-конференција во Макарска, заменик-началникот на Сплитско-далматинската полициска управа Синиша Михановиќ ја коментираше ситуацијата на местата на пожарот, потврдувајќи дека областа Мимица е најкритична утрово. Тој нагласи дека се вклучени сите служби и дека приоритет е да им се помогне на граѓаните и да се преместат на безбедно место.
Михановиќ потврди дека полицијата интензивно го истражува кривичното дело подметнување пожар што се случи во областите Макарска и Омиш.
-Правиме сè што можеме за што поскоро да ги пронајдеме сторителите и да им помогнеме на граѓаните да излезат од оваа многу опасна ситуација во областа Мимице, рече тој.
Тој изјави дека во моментов се испитуваат сите опции и дека сè уште не е можно да се зборува за бројот на сторители.
-Не можеме сега да зборуваме за тоа дали станува збор за еден или повеќе сторители. На една локација, преку доказите утврдивме како е започнат пожарот.
Тој, исто така, потврди дека пожарите во тие области навистина биле подметнати.