Вчера беше пронајдено телото на 42-годишната жителка на Подгорица, Ивона Савиќевиќ, која исчезна на 13 јануари, информираа од Управата на црногорската полиција, а пренесоа црногорските медиуми.
Исчезнувањето во полиција било пријавено пред три дена, а телото било пронајдено вчера.
Савиќевиќ последен пат била видена во местото Штеке, каде на крајот било пронајдено нејзиното тело.
Во потрагата биле вклучени дронови и хеликоптер на црногорската полиција. Според првичните информации, полицијата не констатирала траги на насилство, но причината за смртта ќе биде позната по сите анализи и вештачења, пишуваат медиуми од Црна Гора.
Ивона беше самохрана мајка на мало девојче.