Регион Уште еден неуспешен обид

И 41-от обид за конституирање на собранието на Косово заврши неуспешно

Конститутивната седница на собранието на Косово денеска беше прекината по 41-ви пат, откако повторно не беше усвоен предлогот на Самоопределување гласањето за избор на претседател на собранието да биде тајно.

Демократскиот сојуз на Косово, Демократската партија на Косово, Алијансата за иднина на Косово и Српската листа ни денеска не предложија членови за комисијата за тајно гласање.

За формирање на комисија за тајно гласање се изјаснија 54 од 99 присутни пратеници.

To top