Вести

Протести во Израел – се бара примирје со Хамас и ослободување на заложниците, за понеделник закажан генерален штрајк

Граѓани на Израел излегоа вечерва на улиците во Ерусалим, Тел Авив и други градови, откако шест заложници беа пронајдени мртви во Газа, барајќи од премиерот Бенјамин Нетанјаху да преговара за прекин на огнот со Хамас за да бидат ослободени преостанатите заложници, пренесува Бета.

Најголемиот израелски синдикат, Хистадрут, свика генерален штрајк за утре за да изврши притисок врз владата. Тоа ќе биде прв генерален штрајк по нападот на Хамас на 7 октомври и израелската воена интервенција во Појасот Газа.

Се очекува штрајкот да ги запре или наруши главните сектори на економијата, вклучително и банкарството, здравството и главниот аеродром во земјата.

Се проценува дека десетици илјади Израелци ќе протестираат вечерва, а многумина се веќе пред канцеларијата на Нетанјаху во Ерусалим.

Тие го обвинуваат Нетанјаху дека не успеал да ги врати живите заложниците бидејќи не постигнал договор со Хамас за нивно ослободување и завршување на војната.

Хамас понуди да ги ослободи заложниците во замена за прекин на војната, повлекување на израелските сили и ослободување на голем број палестински затвореници, вклучително и милитанти од висок профил.

Изат ал Ришк, висок функционер на Хамас, изјави дека заложниците би биле сè уште живи доколку Израел го прифател предлогот за прекин на огнот поддржан од САД.

Нетанјаху вети дека ќе ја продолжи војната додека Хамас не биде уништен и рече дека е потребен воен притисок за да се вратат заложниците дома.

Критичарите го обвинија Нетанјаху за застој во разговорите за прекин на огнот и дека ги става неговите лични интереси пред оние на заложниците.

Израелската армија денеска соопшти дека ги идентификувала телата на шестмината заложници, меѓу кои две жени и четворица мажи.

Обдукцијата на телата на заложниците пронајдени во Газа покажа дека шесте заложници биле убиени „од непосредна близина“ помеѓу четвртокот и петокот наутро, соопшти денеска израелското Министерство за здравство.

Најнови вести од Вести

To top