СДСМ преку своите медиуми продолжува да подржува недолично однесување и постојано ја користи трагедијата во Кочани за свои сопствени, политички цели.
Таткото на тапанарот на ДНК во целата негова изјава користеше погрдни зборови за да го навреди премиерот и упатуваше закани по неговиот живот, зборови и наратив кажани во афект од страшната загуба, но со големо внимание пренесени од медиумите кои се на списокот на Бихаќка.
Ова, индикативно, се случува во исто време кога на Бихаќка се тера агендата „Вистината за Кочани“, водена од портпаролката Кузеска. Другите „портпароли“ тоа го прават преку своите медиуми.