Македонија став

Зошто опозицијата не ја поддржа посетата на македонската делегација на САД на инаугурацијата на Доналд Трамп?

Лично сметам дека секогаш треба да се даде шанса и поддршка на иницијативите и дејствијата кои можат да доведат до подобро утре на сите нас, но затоа и секогаш има време за барање одговорност, објави Проф д-р Јове Кекеновски на својот фејсбук профил.

Зошто опозицијата не ја поддржа посетата на македонската делегација на САД на инаугурацијата на Доналд Трамп?

ЗОШТО ОПОЗИЦИЈАТА НЕ ЈА ПОДДРЖА ПОСЕТАТА НА МАКЕДОНСКАТА ДЕЛЕГАЦИЈА НА САД НА ИНАГУРАЦИЈАТА НА ДОНАЛД ТРАМП?

• Оваа делегација на чело со премиерот Мицковски за време на оваа посета ја претставуваше Република Македонија и нејзините граѓани.
• Македонската делегација беше една од ретките европски делегации кои присуствуваа на инагурацијата без разлика на тоа како е обезбедена и добиена поканата за присуство.
• Поддршката од страна на СДСМ ќе беше убава можност таа да покаже конструктивност и сите да видиме дека таа се одлепила од досегашната матрица на политичко дејствување.
• Опозицијата имаше шанса да воспостави правило дека кога се работи за интерес на граѓаните, за националните и државни интереси власта секогаш треба да ја има нејзината поддршка. Бидијеќи во поблиска или поддалечна иднина и таа ќе биде власт а државните и националните интереси треба да бидат приоритет кај сите.
• Што е толку спорно за да не се даде поддршка со цел да се искористи ваквата ретка и несекојдневна манифестација за да ја промовирате сопствената држава? Има ли нешто спорно во тоа директно да искомуницирате со блиските влијателните идни соработници на Доналд Трамп и да проговорите за потребата од поддршка и помош, да го покажете пријателство на дело, да ја искористите шансата за убедување, замолување, одоброволување на нашите влијателни амеро-македонци поактивно и лично да се вклучат во секоја помош и поддршка на државата од која потекнуваат.?
• Чуму и е потребно на опозицијата, на поединци и на дел од медиумите да го обезвреднуваат присуството на македонскиот премиер на најважниот политички настан во светот?
• Опозицијата треба да знае (а мислам дека добро знае) дека дури и 1% од заложбите промовирани и искажани на овие макар биле и куртозани и неформални средби вродат со плод тоа не оди на име и сметка на премиерот или на некој член на делегацијата туку на име и сметка на Република Македонија, на име и сметка на сите нас граѓаните.
• Посетата беше убава шанса опозиција да покаже конструктивност и коректност нешто што е во интерес на граѓаните да добие поддршка, а не да се исмејува со самосмислени и инсконструирани приказни. Зошто беа сите тие обиди за минимизирање на заложбите и достигнувањата, суптилните навреди и сарказам кога истите тие и носат на оние кои ги искажале уште поголеми негативни поени во јавноста?
• Лично сметам дека секогаш треба да се даде шанса и поддршка на иницијативите и дејствијата кои можат да доведат до подобро утре на сите нас, но затоа и секогаш има време за барање одговорност, објави Проф д-р Јове Кекеновски на својот фејсбук профил.

Најнови вести од Македонија

To top