Македонија локални избори 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Заев му издиктира на Филипче кадри кои ќе загубат на изборите

Ова не се кандидати на партиската база на СДС, туку тоа се кандидати на Заев издиктирани на Филипче, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ после објавувањата на повеќе имиња кандидати за градоначалници на СДСМ.

Ова се кадри на другарите на Заев со кои убедливо ќе загуби и на овие локални избори. Луѓе од истата матрица која тепа жени како советникот на Филипче во Кочани, која измислува без докази и клевети, креира хаос и тоне во безидејност.

Нема ниту еден кредибилен предлог за градоначалник и ниту еден кадар кој претставува додадена вредност.

Заев му издиктира на Филипче кадри кои ќе загубат на изборите, обременети со скандали и приказ на хаосот во СДС, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од Македонија

To top