Предупредувавме дека институциите работат на тоа и случајот Онкологија да се затвори по принципот „кабелот е крив“ и според досегашните постапки се движат во таа насока.
Постојат основани сомнежи дека Обвинителството и власта работат на тоа да ја заштитат канцер мафијата која правела милиони на грбот на најтешко болните во Македонија. Никој не излегува со објаснување како е возможно да се натрупа толкав долг на клиниката со скапата терапија која ја набавувале од омилената веледрогерија на власта, а во исто време пациентите да имале недостатоци на терапија? Никој не ги поби тврдењата на семејства на пациенти кои велат дека на клиниката наместо лекови биле давани обични физиолошки раствори, а терапијата била препродавана на црниот пазар? Никој не објаснува зошто на клиниката нема протоколи, зошто не се водела евиденција, зошто бил исклучен КАТО системот, и зошто нема информација каде завршувале скапите лекови кои биле давани во кесичка да се аплицираат надвор од клиниката.
Сите овие прашања сега остануваат неодговорени затоа што некој пробува да ја спаси канцер мафијата. Но доаѓа време на промени и целиот овој случај ќе биде истражен и за истиот ќе има сериозна кривична одговорност.