Македонија Успешен крај на работната недела

ВИДЕО: Уште една локомотива повторно во сообраќај, 661 410 се врати на пругите со нови тркала

Пред точно еден месец, на 13 мај, од претпријатието објавија видео со кое најавија дека локомотивата се подготвува повторно да биде вратена на шините, со нови лежишта и тркала.

ВИДЕО: Уште една локомотива повторно во сообраќај, 661 410 се врати на пругите со нови тркала

Петок 13 се покажа како среќен ден за Македонски Железници Транспорт. Добрата организација и искуството на вредните мајсторите успеаја да вратат во функција уште една локомотива.

Како што најавија пред еден месец, денеска локомотивата 661 410 се врати во сообраќај со нови тркала.

-Успешен крај на оваа работна недела. Локомотивата 661 410 се враќа во сообраќај со нови тркала, објавија од Железници Транспорт.

Пред точно еден месец, на 13 мај, од претпријатието објавија видео со кое најавија дека локомотивата се подготвува повторно да биде вратена на шините, со нови лежишта и тркала.

Во април, пак, по две години нефункционалност, и локомотивата 661 236 повторно беше вратена како дел од товарниот сообраќај.

Најнови вести од Македонија

To top