Македонија Министерството за социјална политика, демографија и млади

Велковски: Со изградба на 15 нови еко-градинки во 15 општини, обезбедуваме здраво и сигурно опкружување за 2.499 деца

Да дејствуваме сега за здравјето на нашите деца и за иднината на Република Македонија, потенцира заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Велковски.

Велковски: Со изградба на 15 нови еко-градинки во 15 општини, обезбедуваме здраво и сигурно опкружување за 2.499 деца

Заменик министер за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, денес во Собранието на Република Македонија елаборира за една од најзначајните теми за здравјето на граѓаните од аерозагадувањето.

-Ова не е само еколошки, туку и сериозен здравствен предизвик, кој најсилно се чувствува во Скопје, Тетово, Битола и други градови низ државата. ПМ честичките, CO₂ емисиите и токсичните гасови се поврзуваат со зголемен број на болести: астма, бронхитис, срцеви заболувања и малигнитети. Тоа е невидлив непријател кој секојдневно влијае врз децата, постарите, хронично болните, истакна Велковски.

Заменик министерот Велковски истакна дека одговорот на државата мора да биде јасен и конкретен и дека Министерството за социјална политика, демографија и млади презема мерки за:
– Објекти со енергетска ефикасност
– Соларни системи и топлотни пумпи
– Фотокаталитички фасади што го прочистуваат воздухот
– Автоматизирани системи за контрола на енергијата и вентилацијата

-Со изградба на 15 нови еко-градинки во 15 општини, обезбедуваме здраво и сигурно опкружување за 2.499 деца. Овие објекти се пример како екологијата и социјалната грижа одат рака под рака. Со национални ресурси и соработка со меѓународни партнери, создаваме нови стандарди каде енергетската ефикасност и чистиот воздух се императив, не избор. Надзорната расправа е можност да покажеме дека аерозагадувањето не е проблем што се игнорира. Тоа е предизвик што бара одлучна акција, координирани институции и граѓанска поддршка, нотира Велковски.

Тој е дециден и треба да не заборавиме дека борбата за чист воздух е борба за живот.

Да дејствуваме сега за здравјето на нашите деца и за иднината на Република Македонија, потенцира заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Велковски.

Најнови вести од Македонија

To top