Македонија Националната младинска летна школа за социјална инклузија

Велковски: Преку спортот до стекнување на нови вештини за личен развој, интерперсонални односи и тимска работа

Младинската летна школа ќе се одржува од 16 до 20-ти јуни во Маврово и на неа ќе присуствуваат 40 млади луѓе кои се на возраст од 16 до 22 години.

Велковски: Преку спортот до стекнување на нови вештини за личен развој, интерперсонални односи и тимска работа

Министерот за социјална политика демографија и млади, Фатмир Лимани, заменик министерот Ѓоко Велковски и претставници на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), ја посетија Националната младинска летна школа за социјална инклузија, која се одржува во Маврово.

Младинската летна школа ќе се одржува од 16 до 20-ти јуни во Маврово и на неа ќе присуствуваат 40 млади луѓе кои се на возраст од 16 до 22 години.

Учесниците, преку интерактивни методи на работа ќе имаат можност:
-да се запознаат и дружат со врсници од целата земја;
-да се стекнат со нови вештини поврзани со личен развој, интерперсонални односи и тимска работа, објави заменик министерот за социјална политика демографија и млади, Велковски.

Летната школа ќе се заснова на пристапот: „Спорт за развој“, користејќи го спортот како педагошка алатка за промовирање на младинска едукација, инклузија и личен развој на учесниците.

Најнови вести од Македонија

To top