Македонија изјава

Таравари „пукна“ под долговите кон Ахмети и реши да глуми: Сакал, неќел – Алијансата за Албанците оди во опозиција

По околу два часа состанок, Алијансата за Албанците донесе одлука да ја напушти владата и да премине во опозиција.

Таравари „пукна“ под долговите кон Ахмети и реши да глуми: Сакал, неќел – Алијансата за Албанците оди во опозиција

По околу два часа состанок, Алијансата за Албанците донесе одлука да ја напушти владата и да премине во опозиција. Иако, Мицкоски три дена пред тоа му најави дека неделава ќе го пијат „последното кафе“. Ефтина, бедна финта на заминување кое му го најавиле, толкуваат аналитичарите.

Извори од Алијанса, велат дека Таравари не издржа и мораше да ги исполни долговите кон Ахмети, сетете се само за „ничи изазваним“ куќата од неколку стотици илјади евра од перидот пред да стане „дел“ од ВЛЕН:

Како што информираше Арбен Таравари, до оваа одлука дошле демек поради незадоволства, при што ги спомена балансерот и законот за јазиците. Она што, така случајно, ДУИ го вергал последниве неколку месеци наназад.

Таравари меѓу другото рече дека ќе му се вратат на граѓанинот и дека Алијанса за Албанците е уникатна партија. Иако, нема ни печат. Же му го врати ли сега Села, кога Таравари испорача кон Алија? Аналитичарите велат, да, дефинитивно…

To top