Македонија Интервјуа КУРИР интервју

Стојаноски: САД се најсериозниот стратешки партнер на Македонија, партиите од опозицијата се политички глодари

Од кампусот на СДСМ, привидно глумејќи дека нема да ја користат трагедијата, ги извадија од нафталин оние нивни омилени шарени револуционери кои 7 години не кажаа ниту една буква за четирите големи трагедии за кои нема ниту една кривична пријава, рече тој.

Стојаноски: САД се најсериозниот стратешки партнер на Македонија, партиите од опозицијата се политички глодари

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, неодамна се врати од посета на САД. Таму оствари низа средби и испрати порака дека Македонија има вистински пријател.

Во интервју за КУРИР, Стојаноски говореше за важноста на посетата, за низата средби во САД, за трагедијата во Кочани и што се залага да биде преземено. Испрати и остра порака за однесувањето на опозицијата.

-Сметам дека САД се најсериозниот стратешки партнер на Македонија. И ако видите во историјата, но и ова што се случува сега, јас сметам дека како држава ние имаме и треба да имаме два стратешки интереси, од кои едниот е веќе делумно исполнет – да бидеме членка на НАТО, членка на ЕУ, но и да имаме силни стратешки врски со САД. Ние кажавме дека како Влада која е избрана од граѓаните имаме перспектива да работиме и на едната стратешка цел, но и да ја доближуваме Македонија кон администрацијата на САД. Бидејќи навистина не можеме ништо да загубиме, можеме само да добиеме. Силен сојузник. И воено не поддржува од аспект на доекипирање на нашата Армија, но и сите оние демократски достигнувања кои ги имаме од независноста натака се должат на исклучително блиската соработка на Македонија со САД. Имав можност да бидам присутен, да остварам неколку средби на национално, но и на државно ниво во Вермонт, тоа што го имав и го стекнав како впечаток е дека како држава сме ценети како еден силен сојузник на САД, како една членка на НАТО која контрибуира и со средства од БДП и со учество на мисиите, но и со сето она како политики кои го имаме и тоа како можеме да се потпреме на поддршката од САД и во наредниот период, рече Стојаноски.

Тој во интервјуто за КУРИР објасни како течеле тие средби, што на нив се зборува за Македонија и каков добробит за државата може да се добие, како таму е оценета работата на македонската Влада…

Ја отворивме и најтешката тема – Што по трагедијата во Кочани?

Македонија е завиена во црно по 16-ти март. Стојаноски зборуваше за тоа дека се потребни промени, пред се законски, за ваква трагедија никогаш да не се повтори.

Го прашавме за какво точно промени размислуваат како пратеничка група на владејачката партија.

-Размислувавме и веќе неколку недели наназад работиме на многу закони, заедно со многу институции кои треба да пристигнат во Собранието каде што едноставно ќе успееме да создадеме регулаторна гилотина за повеќе да не се случуваат вакви пропусти во системот. Разговараме со Министерството за транспорт, Министерството за економија и труд, разговаравме со министерот за дигитална трансформација како одредени процеси да ги дигитализираме, како да направиме и засилени контроли и да им дадеме можност на институциите позасилено да постапуваат и вакви ситуации да не се случуваат. Веќе го донесовме и изгласавме законот да не се употребува пиротехника во затворени простории, нешто што беше поздравено и од Државната комисија за спречување на корупција. Сакаме да направиме една сериозна анализа на постоечките законски решенија, но и да направиме една сериозна траекторија на движење на надлежностите на институциите. Бидејќи џабе ако менувате законски решенија ако потоа не се имплементираат и ако нема кој да ги исконтролира. Тоа што се случи беше резултат на една одредена неказнивост која изминативе години беше толерирана и каде можеше да се види дека дури и на вакви трагедии луѓе може да се извлечат без притоа некој да одговара…, рече Стојаноски.

Катастрофално и нечовечки е однесувањето на СДСМ, ДУИ и Левица, оценува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски, во изјава за КУРИР.

По трагедијата во Кочани, која ја зави цела Македонија во црно, одредени политички структури продолжија да тераат политика.

Стојаноски ги коментираше сите три партии поединечно.

-Левица се класични политички глодари кои до таа мера умот им го има поматено политичката амбиција и функциите во кои се наоѓаат, па на паузата од купување луксузни простории во центарот на градот за партиски простории и хотели од 4-5 ката, не почекаа неколку дена да ги испочитуваат жртвите и веќе од првиот ден почнаа да политизираат. Ќе ја потсетам јавноста, обидувајќи се да организираат протести, во студентски протести да инфилтрираат лица кои организираат протести во Србија, нивни членови да се обидат да ги дигнат студентите, практично секаде каде што има извор на незадоволство и изблик на гнев на народот, народот е гневен и ние сме гневни на системот кој не функционираше, тие се прилепуваат и се обидуваат на секаков начин газејќи преку спомените на оние кои трагично ги завршија животите, да имаат некаква политичка корист и бенефит. Тоа е политички глодар, рече Стојаноски.

-Од кампусот на СДСМ, привидно глумејќи дека нема да ја користат трагедијата, ги извадија од нафталин оние нивни омилени шарени револуционери кои 7 години не кажаа ниту една буква за четирите големи трагедии за кои нема ниту една кривична пријава. За Онкологија, Дурмо турс, Беса травел, Модуларната болница, набавката на вакцини, тие луѓе седум години ќутеа. Ништо не кажаа, ниту еден протест немаше организирано, немаше „Кој е следен“, немаше „Системот е следен“, за да сега ги активираат и тие политички глодари да се обидат да добијат некој поен. Видовме една катастрофална прес-конференција на една потпретседателка барајќи оставка од министерот Тошковски. За да биде парадоксот уште поголем, Оливер Спасовски излезе и толкуваше како треба истрага да биде водена. Гледате дека сега има над 60 приведени и тоа истрагата сè уште не е завршена, има уште два месеци рок истрагата да заврши. Секој еден кој Обвинителството ќе помисли дека е вмешан може да биде и повикан и обезбеден од органите на прогонот и да одговара. Министер во Владата има што е во моментов приведен, приведувани полициски службеници. Секој еден за кој истрагата ќе покаже дека е обвинет, слободно нека одговара. Но не го видовме тоа кога беше СДСМ на власт. И тоа замислете, сега е трагедија на објект кој што бил дискотека кој не исполнува услови, но тука нема јавна набавка од државен орган како што имаше за Модуларната болница. Ќе ве потсетам за трагедијата во Бугарија, 60 пати автобус кој што е нерегистриран, поминат на технички преглед со лажна лиценца, а имаше дисциплинска постапка за еден полицаец и еден царински службеник. Каде беа тука директорите на Царина да дадат оставка? Министерот за транспорт, министерот за внатрешни? Имаше ли некој приведен или некаква кривична пријава? За тие 4 скандали МВР има нула кривични пријави. И сега, тие нас ќе ни објаснуваат за неселективна правда ? Тие што луѓето кога гореа викаа дека кабелот бил крив? Дека во Онкологија сестрата била крива или портирот, а никој не одговараше и покрај тоа што имаат директни надлежности по Законот за здравствена заштита? – рече Стојаноски.

-Одиме кај третите, кај ДУИ.Тие од првиот ден се обидуваат да дадат етнички наратив на истрагата, обидувајќи се да го прават тоа што најдобро го прават 20 години. Секогаш кога се фатени во криминал тие велат дека етнички се води истрагата и дека некој има нешто против Албанците. Логично е сега антитеза ние да поставиме прашање: Кој имаше против Албанците кога се случуваа овие трагедии? ВМРО-ДПМНЕ како опозиција или тие како власт кои не ги расветлија случаите зошто загинаа луѓе кои можеби беа Албанци, можеби беа Македонци кои изгореа живи во болницата, кои ги загубија животите во Ласкарци, во Бугарија. Дали ние ги делевме пациентите на Албанци и Македонци? Зошто тие не беа загрижени барем за Албанците, па да кажат еве има толку обвинети, толку се осудени. Тие се обидуваат да го направат тоа кое што мислат дека ќе им донесе некакво оправдување пред јавноста. Знаат дека се до гуша во криминал, знаат дека некој веќе почна да поставува прашања. Нема веќе безочно крадење, нема веќе недопирливи во државата, почнува правдата да го стигнува секого, порача тој.

Пратеникот порача дека бескомпромисно ќе се расчистува со криминалот и дека овие три партии на локалните избори ќе ја добијат пораката од народот.

Целото интервју погледнете го во видеото во продолжение:

Најнови вести од Македонија Интервјуа

To top