Денес пратеникот Бојан Стојаноски даде изјава во врска со предлог законот на СДС за пожарот во Кочани.
-Владата од првите минути по страшната трагедија е во целосна поддршка на сите засегнати од трагедијата. Од транспорт на повредените, до ставање на сите капацитети во корист на истрагата, до поддршка и реална помош.
Нашиот план за поддршка на засегнатите е следниот:
Прво, ќе ги дуплираме средствата од Владата за помош на општина Кочани и реализација на проекти.
Второ, водиме преговори со инвеститори да отворат капацитети во Кочанивили во непосредната близина. Премиерот Мицкоски најави 2 нови инвестиции и проширување на една актуелна постоечка во близина на Кочани, со 1.000 нови вработувања.
Трето, ги покриваме трошоците и лекувањето и ќе продолжиме да го правиме истото.
Здравствениот систем ќе биде посветен и мотивиран да ги помогне овие луѓе.
Самиот аргумент зошто политизираат е кога ќе видите кои ликови ја соопштија веста за овој закон. Венко Филипче и Оливер Спасовски.
На Спасовски му се случија Ласкарци, Беса Транс, Модуларната клиника, Онкологија. Никој не беше уапсен. Ниту еден. Со ниту една поднесена кривична пријава. Во меѓувреме беше два пати Министер и еднаш Премиер.
Зошто тогаш не поднесуваше вакви закони ? Оливер Спасовски да поднесе ваков закон е исто како Зоран Заев да
поднесе закон за враќање на името. Или како Венко Филипче да поднесе Закон за одговорност за модуларните клиники.
Зошто Венко Филипче како Министер не презема одговорност за овие скандали?
Ние нема да водиме политика на овие случаи. Премиерот Христијан Мицкоски остави средба со најголем дел од родителите и ќе продолжи да се сретнува. Имаме организиран и системски пристап. Никој нема да биде оставен сам. Поддршка ќе има, ама и одговорност, изјави Стојаноски